Драматична најава: ако има и еден заразен играч, Серија А ќе биде прекината!

Зголемениот број на заразени (сега се веќе над 5.061, дури 1.145 повеќе од вчера) и починати лица од коронавирусот во Италија, од ден во ден носи поригорози мерки за заштита на сите, па и на спортистите, и денеска дојде една драматична најава за можен прекин на Серија А, и и тоа од првиот човек на оваа лига, Габриеле Гравина.

Гравина даде изјава која е најрадикална досега. Тој не ја исклучува можноста и за прекин на првенството. Засега мечевите се играат, но без присуство на публика, и така ќе биде најмалку до 4 април.

„Ако некој играч биде заразен од коронавирусот, не можеме да ја исклучиме опцијата да се прекине сезоната. Можни се сите сценарија, никој не знае што ќе се случува во наредниот период и какви одлуки ќе треба да се носат“ – вели Гравина.

Доколку лигата биде прекината, титулата ќе ја освои клубот кој бил лидер после последното комплетирано коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести