Дрејк уште еднаш покажа дека е лош прогнозер, поради Барселона загуби 620.000 евра

Раперот Дрејк утринава беше главна вест во спортските медиуми бидејќи уплатил огромна сума пари на победи на Арсенал и Барселона – и загуби.

Дрејк остана без речиси 620.000 евра поради поразот на Барселона на Ел Класико.
Арсенал со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Лидс благодарение на голот на Сака.

Барселона пак е поразена со 3:1 од Реал Мадрид во најголемото фудбалско дерби на светот и го остави раперот без добивка од речиси 3 милиони евра.

Дрејк е познат како мераклија за обложување на спортски настани, но и како голем малер, особено за спортистите со кои се фотографира. Претходно тој загуби околу 300.000 долари обложувајќи се дека ММА борецот Хорхе Масвидал ќе го победи Колби Ковингтон на УФЦ 272 приредбата. Борбата заврши со едногласна победа на Ковингтон. 

Дрејк исто така се фотографираше и со дрес на Јувентус во 2015 година, давајќу му поддршка на италијанскиот тим во финалето во Лигата на шампионите. Раперот исто така беше малерозен за Јувентус бидејќи Барселона славеше со 3:1 и ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести