Дресот на Леброн Џејмс најпродаван и во Европа, Дончиќ дури шести, Јокиќ не е во топ 10

Дресот на шампионот Лос Анџелес лејкерс со бројот 23 и името на Леброн Џејмс на грбот, е најпопуларен во Европа, според бројот на продадени дресови на интернет продавницата на НБА за Стариот континент.

НБА лигата објави дека втора година по ред, најпродавани дресови онлајн им се тие на Лејкерс и на Џејмс. Дрес на Езерџиите со името на Леброн чини 120 евра.

Потоа следуваат дресовите на Кевин Дурант, Стеф Кари, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден. Шести е дресот на Словенецот Лука Дончиќ, а седми е дресот на Јанис Адетокумбо. Никола Јокиќ кој е можеби и најдобар центар во НБА, го нема во Топ 10.

Кај екипите, најпопуларен е ЛА Лејкерс, пред Бруклин нетс, Голден Стејт вориорс, Бостон селтикс и Чикаго булс.

- Оглас -

Најнови вести