Дрско и најсрамно наместен натпревар, им се тргаа на противниците на кои им требаше победа (Видео)

На натпревар во последното коло од колумбиската втора лига, се случи скандалозно „местење“ на резултатот, со цел гостинската екипа да се пласира во елитата.

Фудбалерите на Унион Магдалена дознаа дека Форталеса загубила, па им требаше победа за пласман во прва лига. Но, во 94-та минута губеа со 0-1. Тогаш на сцена стапија играчите на Љанерос, кои особено при вториот гол, буквално стоеја и се тргаа настрана, за Унион Магдалена да им даде гол за победа.

Тажно и бедно. Погледнете ги головите за пресврт:

- Оглас -

Најнови вести