Дрвениот го постигна голот што фалеше во Англија (Видео)

Крис Вуд го постигна првиот гол за Барнли на домашен терен во новата сезона во Премиер лигата, со тој погодок неговиот тим води со 1:0 против Кристал палас, а е значаен како неверојатен податок.

Сега веќе нема екипа во четири највисоки фудбалски рангови во Англија што не постигнала гол на домашен терен.

„Дрвениот“ успеа да ја затресе мрежата на Кристал палас во осмата минута, со што го заокружи активниот биланс на домашните екипи.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1330932618901266433?s=20

Барнли вечерва ќе се обиде да ја забележи првата победа на домашен терен во новата сезона во Премиер лигата, а на „Турф Мур“ досега претрпе три порази, со гол-разлика 0:5.

 

- Оглас -

Најнови вести