Државна видеолотарија и Sport Life во двомесечна акција со 800 промотивни ваучери за терминалите

Со цел реализација на промотивни настани со ваучери во соработка со Sport Life, Државна Видеолотарија на Македонија обезбеди 800 промотивни ваучери за видеолотариските терминали во објектите на обложувалниците Sport Life.

Ваучерите ќе се користат во текот на промотивните активности на Државна видеолотарија кај деловниот партнер Sport Life, каде што се поставени видеолотариски терминали.

Номиналниот износ на еден ваучер е 100 денари, а акцијата ќе трае од 1 септември до 1 ноември. Ќе се издадат 800 ваучери во вкупна парична вредност од 80.000 денари. Средствата за промоциите ги обезбедува Државна видеолотарија на Македонија.

Акцијата почнува утре во Нов Дојран, а завршува на 1 ноември во Охрид.

- Оглас -

Најнови вести