Дуарте со ножички го „пресече“ Арсенал (Видео)

Виторија Гимараиш и Арсенал „дремеа“ повеќе од 80 минути, а потоа за десет минути приредија убава завршница, во која немаше победник во мечот од Лигата на Европа. Арсенал поведе со голот на Шкодран Мустафи во 81-вата минута. Германецот со глава погоди по центаршутот на Пепе, а изедначи Бруно Дуарте во 91-вата минута. Дуарте одлично се снајде во мешаница во близина на противничкиот петерец и со акробатски шут преку глава ја затресе мрежата на лондонските Топчии, на кои им го спречи официјалниот пласман во следната фаза.

За Виторија ова е прв бод откако губеше во првите три кола. Арсенал има 10 бода и ќе остане прв и по завршувањето на колото во кое во оваа група треба да се сретнат Стандард Лиеж и Ајнтрахт.

Ова е голот со кој Португалците дојдоа до бод:

https://twitter.com/i/status/1192134502216294402

- Оглас -

Најнови вести