Кошаркарите на Дубаи испишаа историја, откако во втората сезона во јадранското друштво, успеаја да дојдат и до трофејот. Екипата од Блискиот Исток откако двапати славеше на домашен терен над „црно-белите“, го загуби првиот меч во Белград, но вечерва во драматична завршница славеа со 83-81 и ја добија финалната серија со вкупни 3-1.
Дубаи имаше водство речиси во текот на целиот меч, но на крајот лесно можеше да остане и без победата, бидејќи Партизан промаши шут за продолженија.
Екипата од Емиратите е само втора во историјата на Јадранската лига која успеала да го освои трофејот во оваа конкуренција, а не е од бившо-југословенските простори. Тоа им успеа само на кошаркарите на Макаби од Тел Авив, кои дојдоа до трофејот во 2012 година.
Најтрофејна екипа останува Партизан со осум титули, а една помалку има Црвена ѕвезда.

