Дуели за мерак во НБА: Ѕверот од Србија против американскиот ѕвер, како и Дурент против Тејтум

Кошаркарската НБА-лига вечерва продолжува со осум нови натпревари, а првите два дуели со играат во европски термини.

Првиот натпревар започнува од 21.30 часот на големо задоволство на фановите од регионов и во него ќе играат Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс против Њу Орлеанс пеликанс. Јокиќ во последните две сезони е добитник на МВП за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а и сега игра одлично.

Јокиќ и сезонава е предводник на Денвер со 22.7 поени и 9.8 скокови по натпревар, а вечерва го очекува дуел со американскиот ѕвер Зајон Вилијамсон кого сите го гледаат како идна прва ѕвезда на НБА по пензионирањето на Леброн Џејмс.

Од 22 часот по средноевропско време најдобриот тим во Западната конференција, Феникс санс ќе игра против Сан Антонио спарс.

Во останатите шест натпревари, најголем интерес предизвикува тој меѓу Бруклин нетс и Бостон селтикс бидејќи еден против друг ќе играат едни од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент и Џејсон Тејтум.

Тејтум е четврти стрелец во НБА со просек од 30.8 поени по натпревар, додека Дурент постигнува еден поен помалку.

Sport Life во својата богата понуда има 17 кошаркари за играта „плус-минус“ поени и тоа е дополнителен предизвик за сите експерти за НБА-шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести