Дуелот Македонија – Италија е одложен, цела репрезентација мора одново да се тестира

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија кој требаше да стартува денеска од 15 часот, а е дел од „Б“ квалификациската група за пласман на ЕП 2022, е одложен.

Водството на македонската кошаркарска федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на корона вирусот кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден PCR тест, потврдија од федерацијата.

Инаку, претходно денес позитивен на ковид-19 беше центарот Љубомир Младеновски.

- Оглас -

Најнови вести