Дуелот Наполи – Парма може да се одложи

Големо невреме со силен ветер го зафати Неапол, а тоа може да биде причина за одложување на дуелот меѓу Наполи и Парма. Од силниот ветер, синоќа бил оштетен кровот на стадионот „Сан Паоло“, а делови биле најдени дури и на теренот.

Невремето и утрово не стивна, па поради тоа останува неизвесно дали ќе се игра мечот во предвидениот термин од 18 часот. Инспекција помина околу стадионот, целата ситуација била скенирана и со помош на дрон, но одлука уште нема донесено.

Од Парма велат дека не сакаат да биде одложен дуелот и дека од Наполи само бараат изговори. На мечот против Парма, на клупата на Наполи треба да дебитира новиот тренер Џенаро Гатузо.

 

- Оглас -

Најнови вести