Дугари претера: Гриeзман се плаши од полу-аутистичен човек висок 150 сантиметри

Во фудбалскиот клуб Барселона атмосферата не е добра, не само поради лошите резултати во последната недела, туку и поради односот на клубот и тренерот кон Французинот Антоан Гриезман за кој лани „искршија нозе“ за да го купат за 120 милиони евра.

Можеби критиките на таткото и братот на Гриезман кон тренерот Кике Сетјен се очекувани и донекаде оправдани, но голема полемика во јавноста предизвика некогашниот играч на Барса и екс француски репрезентативец, Кристоф Дугари.

„Антоан е добро, мирно момче. Мора да покаже карактер, да тресне со рака по маса и да каже дека не може вака. Од кого се плаши? Од некој што е висок 150 сантиметри и кој е полу-аутистичен? Мора да му покаже храброст“ – изјави дрскиот Дугари.

Главниот проблем на Гриезман е Меси, но тоа за Дугари било и очекувано.

„Очекував да не добива топки од него. Гриезман е загубен, погрешно поставен, нозете му се врзани, исплашен е. Мора да разговара со Меси и во лице да му каже се што треба, да биде и непријатен. Само така ќе се реши проблемот“ – советува Дугари кој играше за Барса во 1998 година, кога со Триколорите освои титула светски првак.

 

 

- Оглас -

Најнови вести