Дури 17-мина играчи треба да внимаваат да не добијат жолт картон во четвртфиналето на СП

Ден одмор на Светското првенство, ден за сумирање на впечатоците и анализа на досега одиграното. Од утре започнуваат возбудувањата во четвртфиналето, а некои од фудбалерите кои се очекува да бидат на терените во борба за место во полуфиналето ќе мора посебно да внимаваат.

Дури 17-мина фудбалери од осумте селекции кои останаа се под опасност да добијат суспензија ако добијат жолт картон. Под опасност од суспензија се четворица играчи од Англија и Мароко, тројца од Швајцарија, а двајца од Франција. Со по еден фудбалер на оваа листа на потенцијални суспендирани се по еден играч од Шпанија, Норвешка, Белгија и Аргентина.

Од ѕвездите на турнирот под опасност за суспензија од евентуално добиен жолт картон се Мајлл Олисе од Франција, Ашраф Хакими од Мароко, Феран Торес од Шпанија, Џуд Белингам од Англија, Гранит Џака од Швајцарија…

- Оглас -

Најнови вести