Душебаев ќе ни ги одреди противниците на ЕП 2020

Македонската ракометна репрезентација в петок попладне во Виена ќе ги дознае своите противници на Европското првенство, се знае против кого не можеме да играме, а кои ќе бидат ривали на „црвено-жолтите“ ќе решава и Даниел Душебаев, младиот шпански репрезентативец кој е брат на Алекс, некогашниот член на Вардар, и син на славниот Талант Душебаев.

Извлекувањето на репрезентациите ќе биде во рацете на тројца ракометари од земјите домаќини, плус Душебаев како претставник на актуелниот првак Шпанија.

ЕП 2020 ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска, на турнирот ќе има 24 тима поделени во шест групи, а избраниците на Данило Брестовац ќе играат во Грац, Виена, Гетеборг или Малме, со оглед на тоа дека Норвешка е во истиот втори шешир.

Македонија која како прва ги мина квалификациите, не може да игра против Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија. Првенството ќе се игра од 9 до 26 јануари, со завршница во шведската престолнина Стокхолм.

- Оглас -

Најнови вести