Дувњак: Беше незгодно по победата на Бразил

Хрватска успеа да ја победи Франција со 23:20, се избори за меч за петотото место на ракометниот Мундијал и што е најважно, остана во игра за настап на квалификациите за Летните олимписки игри.

Избраниците на Лино Червар беа во незгодна ситуација бидејќи пред нив Бразил го победи Исланд и во случај на пораз на „коцкестите“, популарните „кариоки“ ќе играат за позициите пет и шест.

„Немаше страв кај нас, но, секако, не ни беше удобно во ситуација кога не смеевме да загубиме, а игравме против актуелниот светски првак. Пресудна беше нашата желба, борбеност и голманот Шего. Покажавме вистински карактер и дека сме квалитетна репрезентација и им честитам на соиграчите“, изјави Домагој Дувњак.

Во сабота Хрватите ќе играат со Унгарија за петтото место, а квалификациите за ЛОИ се закажани во април годинава.

- Оглас -

Најнови вести