Два гиганти во борба за трофејот во африканската Лига на шампиони (Фото)

Екипите на Ал-Ахли од Египет и Видад Казабланка од Мароко вечерва ќе го одиграат првиот натпревар од финалето на африканската Лига на шампиони.

Ал-Ахли од Каиро е најтрофејната екипа во Африка, а третпат во финалето ќе игра против Видад. Сепак, иако се најтрофејни, претходните две финални пресметки против мароканците ги загубија. Минатата година Видад беше подобар со 2-0 во единствениот меч кој се одигра во Казабланка, а во 2017-тата година во Египет беше нерешено, 1-1, а во Мароко победи Видад со 1-0.

После три сезони во кои финалето на африканската Лига на шампиони се играше во само еден натпревар, од оваа сезона повторно се враќа стариот формат со два натпревари, дома и гости.

Според квотата во Sport Life, екипата на Ал-Ахли е фаворит на првиот натпревар со квота од 1.61, но квотата е одлична ако се одлучите да и верувате на традицијата и да одиграте на гостинската екипа од Мароко.

- Оглас -

Најнови вести