Два гола во реваншот и магија се стори за Кајзерслаутерн – Четирикратниот првак на Германија ќе игра во Цвајта

Даниел Ханслик и Филип Хершер се двајцата јунаци на Кајзерслаутерн и со нивните погодоци, единствени на двомечот со Динамо Дрезден, четирикратниот германски првак си обезбеди настап во Втората лига.

Кајзерслаутерн го победи Динамо во реваншот во Дрезден со 2:0, сосема доволно да се пробие во популарната Цвајта.

Првиот меч пред околу 60 илјади гледачи во Кајзерслаутерн заврши без голови, па сосема доволни вечерва беа головите на Ханслик и Хершер во второто полувреме за пласман во Втората лига.

Динамо исто така имаше извонредна поддршка на преполниот „Рудолф Харбиг“ стадион, но не успеаа да останат второлигаши, а не постигнаа ниту еден гол за 180 минути во двомечот за последниот билет што води во Цвајта.

 

- Оглас -

Најнови вести