Двајца „елени“ во најдобрата дефанзивна петорка во НБА

Маркус Смарт од Бостон селтикс и Ерик Бледсо од Милвоки бакс се нови лица во идеалната дефанзивна петорка на НБА-лигата за оваа сезона и тие го формираа најдобриот одбранбен тим заедно со Јанис Адетокумбо од Милвоки, Пол Џорџ од Оклахома Сити тандер и Руди Гобер од Јута џез.

Со Бледсо и Адетокумбо, Бакс е тим кој ја има најдобрата одбрана во лигата. По четврти пат во последните пет сезони, во идеалната дефанзивна петорка има двајца соиграчи од ист клуб. Лани беа Ентони Дејвис и Џру Холидеј од Њу Орлеанс пеликанс.

Годинава Холидеј е во втората најдобра дефанзивна петорка, заедно со Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин од Голден стејт, Каваj Ленард од Торонто и Џоел Ембид од Филаделфија.

- Оглас -

Најнови вести