Поранешен соиграч на Барди ги потресе сите, дефибрилаторот што му е вграден со пејсмејкер му го спаси животот (Фото)

Рафаел Двамена ги исплаши сите на стадионот „Линцер“ во Линц, откако вчера повторно се пожали на срцеви проблеми и потоа беше однесен во болница, а мечот меѓу БВ Линц и Хартберг беше прекинат.

Ганецот, за среќа, има вграден пејсмејкер со дефибрилатор, што веќе третпат му го спасува животот во слична ситуација. Вчера беше веднаш хоспитализиран, а веќе објави и фотографија на социјалните мрежи на кои е видливо дека е во добра состојба.

Двамена, кој моментно е играч на БВ Линц, од 2018 година до лани му беше соиграч на Енис Барди во Леванте, клуб кој му плати на Цирих 6,2 милиони евра за репрезентативецот на Гана.

Во 2017 година на Рафаел му пропадна трансфер во премиерлигашот Брајтон токму поради срцеви проблеми. Играше за неколку клубови и не се предава, а има играно и за репрезентацијата на Гана на 9 меча досега и има постигнато два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести