Само да не биде како лани – Во Киев ќе има битка за прв гол и први бодови во ЛШ (Фото)

Шахтар и Интер ќе бијат битка за прв гол и први бодови во Д групата во Лигата на шампионите вечерва во Киев, од 18.45 часот, а и двете екипи интересно одиграа два меча без ниту еден погодок во ланското издание на луксузната лига.

Шахтар имаше повеќе причини за радост по ремито 0:0 во Милано во последниот меч од Б групата и го продолжи настапот во Лигата на Европа, а Интер испадна, иако со победа ќе ја продолжеше авантурата во Лигата на шампионите.

И двете екипи и сега имаа старт со порази во Д групата. Интер загуби на домашен терен од Реал Мадрид со 0:1, а Шахтар неочекувано лесно загуби во Тираспољ од дебитантот во ЛШ, Шериф, со 2:0.

„Интер е посилен од нас, но и ние бевме од Шериф, па загубивме во Тираспол. Ни гостува силен тим, дури мислам дека Интер е подобар од лани, иако си заминаа Лукаку и Хакими. Го освоија Скудетото, што не е мала работа, но имаме тактика за да го изненадиме фаворитот“, изјави Роберто де Ѕерби, италијанскиот стратег на клупата на Шериф.

Интер тргна одлично во Серија А, каде што ја брани титулата и нема пораз по шест кола, но денеска мора да победи ако сака да направи нешто во Лигата на шампионите.

Италијанскиот тим има убави спомени од Киев, каде што забележа една од клучните победи, но против Динамо, во походот кон европската круна во сезоната 2009/10. Тогаш италијанскиот тим славеше со 2:1, со пресврт со головите на Милито во 86-тата минута и на Снајдер 180 секунди подоцна, откако Шевченко со гол во првиот дел ги израдува навивачите на Динамо.

Потоа следуваше историја и шампионска титула за Интер во ЛШ, а во составот на победникот беше и Горан Пандев.

Најавени состави:

 

 

- Оглас -

Најнови вести