Двобој на тренер и водителка: Оди да чистиш, а не да зборуваш за фудбал (Видео)

Необична дебата на фудбалски теми беше видена на емисијата „Тотал спорт“ каде што се зборува за спортот во Косово. Тренерот на тимот Љапи, Тахир Бататина се налути, откако Водителката Кендреза Креланди констатираше дека поради слабите резултати, полека се губи довербата во Батанина како тренер.

Стратегот на Љапи се налути и во недостаток на аргументи започна со навреди кон водителката.

„Наместо да бидете новинар, вие може да земете и да зачистите нешто. Не можете вие да ги анализирате случувањата во фудбалот. Не сте на мое ниво за да дискутирам со вас за фудбалски теми. Вашето ниво не е ниво на новинар, почнувајќи од изгледот“, беа дел одкоментарите на тренерот Бататина.

Симпатичната новинарка Креланди не му остана должна и му возврати дека, Батанина како тренер е минус нула и дека доколку не бил близок со сопствениците на клубот, досега многу оддамна ќе беше сменет.

Поради навредливите коментари кон новинарката, Здружението на новинари на Косово (АГК) побара од Фудбалската федерација на Косово да превемат мерки против тренерот Батанина поради неговиот „сексистички и навредлив јазик“.

- Оглас -

Најнови вести