Двојки на повидок, УЕФА за в среда одбра судии кои им носат среќа на Реал и Баерн

Ако сте суеверни и верувате во традиции, тогаш треба да уплатите во Sport Life на победи на Реал Мадрид против Челзи и на Баерн Минхен против Вилјареал, во двата натпревари од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони, кои се играат в среда.

За мечот на „Стемфорд бриџ“, УЕФА одреди судија кој му носи победи на Реал, а порази на Челзи. Станува збор за францускиот судија Клеман Турпен, кој на Кралскиот клуб му судел трипати (еднаш во 2014 и двапати во 2018 година) и 13-кратниот европски првак секогаш победувал. Турпен му судел двапати на Челзи (по еднаш во 2020 и 2021) и Сините имаат два порази.

Дуелот во Валенсија помеѓу Жолтата подморница и Баварците ќе го суди Ентони Тејлор. Англичанецот трипати му судел на Баерн и Баерн има три победи на тие мечеви. Но, сезонава Тејлор му донесе среќа и на Вилјареал, на мечот кој Шпанците го добија на гостувањето кај Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести