Двојна одбојкарска програма во „Борис Трајковски“ денес, Македонија е аутсајдер против Летонија и Белгија (Фото)

Женската и машката одбојкарска репрезентација на Македонија денес ќе ги одиграат натпреварите од второто коло во Европската лига.

Први на паркетот ќе истрчаат девојките, во 17:30 часот, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Летонија. Противник против кој никогаш не сме играле, со оглед на тоа дека десеттина години женската репрезентација не беше активна, а и претходно активностите беа сведени на минимум.

Со оглед на искуството и дека ова е прилично млада репрезентација, гостинките од Балтикот се фаворити со квота од 1.20 во понудата на Sport Life.

Мажите во 20:15 часот за противник ќе ја имаат селекцијата на Белгија и слично како и девојките, влегуваат како аутсајдери во овој натпревар. Против Белгија имаме играно двапати, и тоа многу одамна. Во квалификациите за Европско првенство во 1997 година Белгија не совлада со 3-0 на нивен терен, додека во Струмица бевме поразени со 1-3. Сепак, оттогаш се поминати скоро три децении, работите се променети, а Македонија во последните години игра на високо ниво.

- Оглас -

Најнови вести