Е ова е ракометна магија – Кањелас се чуди каде заврши топката (Видео)

Жоан Кањелас и белорускиот голман Вјачеслав Салдаценка се актери во најчудниот момент на Европското првенство во ракомет, а се случи вистинска магија што му помогна на чуварот на мрежата да не прими чист гол.

Кањелас, поранешниот ракометар на Вардар,  упати удар кон голот на Белорусите, Салдаценка беше немоќен, но топката се залепи на рамката од голот.

Image

Во ракометот се корист лепак за топката, па овојпат изгледа и дека популарната „смола“ им помогна на Белорусите во дуелот со Шпанија, а секако беше главна причина за најчудниот момент досега на ЕП 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести