Е ова е шпанска серија – Гриезман не оди во ПСЖ, ќе потпише за Барселона

Еден од раководните луѓе во Атлетико Мадрид, Хил Марин, најави промена на планот во случајот на Антоан Гриезман и потврди дека францускиот репрезентативец ќе боде нов играч на Барселона.

Таа варијанта се вртеше долго време, но потоа се појави информација дека шпицот на Атлетико ќе го засили Пари Сен Жермен.

Сега има пресврт и нова информација од Марин, кој најдобро ги знае работите во клубот од Мадрид, дека Гриезман ќе замине на „Камп ноу“.

Гриезман е еден од најпосакуваните фудбалери на летниот трансфер-пазар, но неговата приказна стана како сапуница од шпанските серии, која веројатно, барем според Марин, ќе заврши со трансфер во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести