Е, ова е трансфер лудило: Турски второлигаш доведе 22 играчи за два часа

Турскиот второлигаш Елазигспор постави нов рекорд на трансфер пазарот ангажирајќи 22 фудбалери во последните два часа од зимскиот преоден рок. Ова достигнување го остварија откако успешно ги минаа преговорите да им биде тргнат трансфер ембаргото, односно забраната од турската фудбалска федерација.

Неверојатно е што имаа доволно време да ги реализираат сите ангажмани, дојдоа 22 нови играчи, од кои 12 од нив потпишаа договори на една и пол година, додека останатите 10 пристигнаа како позајмени играчи до крајот на сезоната.

„Додека траеја преговорите за отстранување на забраната за трансфери, се обидувавме да дојдеме до согласност со играчите кои сакавме да ги ангажираме. Од моментот кога забраната беше тргната, успеавме да контактираме со сите фудбалери и навреме да ги реализираме трансферите“, истакна претседателот на клубот, Селчук Озтурк.

Управата на Елазигспор истовремено ја прекина соработката со тренерот Орхан Кајнак, па сега се во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести