Еден чекор напред, два назад: Сениорките загубија од Луксембург

Женската сениорска репрезентација на Македонија е поразена од Луксембург со 2:3, во рамките на четврттото коло групата Д од квалификациите за СП во Австралија и Нов Зеланд за две години.

На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид пропуштивме одлична шанса да врземе две победи едноподруго, нешто што никогаш претходно ни се нема случено.

Жули Маркес Абреу им ја донесе првата радост на гостите во осмата минута, а конечните 1:1 по првото полувреме ги постави Гентијана Рочи (21′).

Сепак, излегувањето на Наташа Андонова на стартот на вториот дел ја наруши нашата игра, а тоа го искористи противникот, кој во два наврати стрелаше, и тоа преку Кате Тил во 62-рата и во 67-мата минута.

Нова неизвесност донесе Павлина Николовска со погодок во завршните моменти, но не успеавме дополнително да се заканиме по голот на опонентот.

Со овој пораз, сениорките останаа на три бода, со што се на делба на четврттото место токму со Луксемубрг. Следниот наш противник е Северна Ирска, каде што исто така ќе бидеме домаќини на средбата којашто е закажана за 25 ноември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести