Еден друг вид на спортски херој (Фото)

За пливачот Шон Дингилуш-Волас ретко кој имаше слушнато до пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, а сега е еден од хероите на ова натпреварување. Пливачот кој има 27 години, беше претставник на државата Палау, мал остров во Тихиот Океан.

Палау е земја која има само 18.000 жители, а Дингилуш-Волас беше претставникот во пливање. Ова му беше втор настап на Шон на ЛОИ, откако беше дел и од Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година. Пред пет години заврши на 73-тото место, а сега во Токио беше шест позиции подобар.

Иако немаше позначаен резултат, Дингилуш-Волас се најде во центарот на вниманието поради неговиот изглед. Многумина се чудеа како пливач со стомак може да е дел од ЛОИ, а други се восхитуваа на дебелкото кој беше дел од ЛОИ во Токио.

- Оглас -

Најнови вести