Еден е Драган Џајиќ: Црвена ѕвезда го повлече дресот со бројот 11!

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда донесе одлука од следната сезона да го повлече од употреба дресот со бројот 11. Со ова, Црвено-белите од Белград сакаат да му оддадат признание на нивната легенда Драган Џајиќ, кој шест децении е дел од клубот, како играч и раководител.

Ова значи дека Осман Букари кој сезомава ја носи 11-ката, ќе биде последен фудбалер кој ќе ја има честа и привилегијата.

Ѕвезда ги има повлечено и броевите 12 (во чест на навивачите) и 26 (во чест на трагично починатиот Горан Гогиќ).

Џајиќ кој играше како лево крило, за Ѕвезда одигра 590 меча и даде 287 голови.

- Оглас -

Најнови вести