Еден гол беше доволен за Хајдук да ја елиминира Ренова (Видео)

Ренова ги заврши евронастапите откако попладнево на стадионот „Петар Милошевски“ загуби од Хајдук со 1:0, во квалификациите од Лигата на Европа. Тимот од Џепчиште даде достоен отпор на фаворизираните гости, но сепак не успеа да се спаси од пораз.

Моментот кој се покажа како решавачки се случи уште во четвртата минута од мечот. Јаиро нафрли, а Мијо Чакташ со глава го матираше голманот на Ренова, Велии.

FK Renova 0:[1] HNK Hajduk Split – Mijo Caktaš 5′ from r/soccer

Во продолжение на дуелот, Хајдук утна неколку шанси за поубедлива победа, а откако во последните минути се влезе со 0:1, играчите на Ренова притиснаа, се обидоа да стигнат до израмнување, но не успеаа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести