Еден гол доволно за Сити да „лапне“ три бода на гости

Манчестер сити победи на тешкото гостување кај Саутемптон и тоа минимално со 1:0. Рахим Стерлинг погоди во 16 минута по додавање на Кевин де Брујне, што се покажа како клучен момент на мечот.

Во продолжување на дуелот, Сити беше подобар тим, можеше да даде уште некој погодок, но и тој на Стерлинг беше доволен да се освојат трите бода. Пеп Гвардиола откако е дојден на чело на Сити, стигна до осмата победа во 10-тиот дуел против Саутемптон.

Со оваа победа Граѓаните стигнаа до 23 бода од 13 меча и моментно се на петото место на табелата, додека Саутемптон стана со 24 бода од 14 средби.

Во првиот меч одигран денеска, Ливерпул со неверојатни 7:0 победи на гости кај Кристал Палас.

 

- Оглас -

Најнови вести