Еден магичен потег доволен за победа на Рома (Видео)

Рома на „Олимпико“ во Рим минимално со 1:0 го победи Удинезе во меч од петото коло на Серија А. За Римската волчица ова беше четврта победа и со 12 бода покажува дека ќе се бори за највисок пласман. Рома во следното коло ќе го игра големото градско дерби против Лацио, па оваа победа без примен гол е само зголемување на самодовербата кај фудбалерите на Жозе Мурињо.

Тами Абрахам беше стрелец на погодокот што донесе три бода за Рома. Фудбалерот кој летово дојде на „Олимпико“ од редовите на Челзи покажува дека е достојна замена за Един Џеко. Рикардо Калафиори направи одличен продор и асистираше со Абрахам, кој не пропушти да ја затресе мрежата на Удинезе, во чии редови поради повреда на коленото, уште го нема македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

За Удинезе ова беше втор пораз и со седум бода остана на 10-тото место во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести