Еден месец никој не може да го победи Сасуоло

Сасуоло остана непоразен цел месец и на осмиот меч по ред во Серија А, а гостите дури можат и да жалат за победа на дуелот со Калјари на Сардинија.

Сасуоло водеше од 12. минута со голот на неверијатниот стрелец Франческо Капуто, кој го постигна 18 погодок во Серија А, а потоа имаше и играч повеќе.

Исклучен беше Карбони кај Калјари, но наместо втор гол за Сасуоло, гостите примија погодок. Жоао Педро погоди во 63. минута за реми, 1:1, а и Бразилецот е извонреден сезонава.

И тој го постигна 18. погодок во Калчото, со што го дели четвртото место со Капуто на листата со најдобри стрелци.

Сасуоло по 34 одиграни натпревари е на осмото место со 48 бода, а Калјари е три места подолу на табелата со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести