Еден од хероите на Швајцарија воодушевен: Неверојатно е дека една толку мала земја е меѓу најдобрите во светот

Голманот на Швајцарија, Грегор Кобел, потенцираше дека е многу горд затоа што неговата репрезентација остана меѓу најдобрите осум селекции во светот. Швајцарија на пенали со 4:3 ја елиминира Колумбија и се пласираше во четвртфиналето, каде што сега ги чека меч против актуелниот светски првак Аргентина.

„Тоа навистина е огромно достигнување за нас и за цела Швајцарија. За една толку мала земја да биде меѓу најдобрите осум во светот во најпопуларниот спорт во светот е неверојатно искуство. Многу сум среќен поради навивачите кои допатуваа тука, даваат поддршка и ги преживуваат сите возбуди заедно со нас. Тоа не може да се опише со зборови. Ова е неверојатно постигнување“, рече Кобел.

Низ историјата, Швајцарија има одиграно пет меча против Аргентина и билансот е две победи на Гаучосите и три нерешени. Четири од тие пет средби завршиле со не повеќе од два гола.

- Оглас -

Најнови вести