Еден од најголемите судиски грабежи во историјата, реакцијата на поразениот кажува сè (Видео)

Сан Хозе беше домаќин на боречкиот спектакл Белатор 277, а гледачите беа сведови на еден од најголемите судиски грабежи во историјата на ММА спортот. Во главната борба, во перолесна категорија во октагонот влегоа Американецот Еј Џеј Мекини и Патрисио Фреир познат како Питбул од Бразил.

Еј Џеј кој беше и шампион, доминираше во сите пет рунди. Зададе 40 удари повеќе од противникот, Бразилецот четири пати се најде на подот,додека Американецот ниту еднаш не падна од противникот.

На крајот, Бразилецот беше со раскрвавена глава поради ударите кои ги прими и се очекуваше Американецот да го одбрани шампионскиот појас. Судиите ги прочитаа поените и беа 49-46, 48-47 и 48-47, но не во корист на Еј Џеј туку за бразилскиот Питбул.

Мекени не можеше да верува дека не победи во мечот во кој доминираше, а неговата реакција за брзо време стана вирална на социјалните мрежи. За Мекени ова беше прв пораз во кариерата во која има 18 победи. Питбулот од Бразил стигна до 33 победа во 38 борба.

- Оглас -

Најнови вести