Еден од најтрофејните тренери од денеска може да бара нова работа

Масимилијано Алегри е тренерот кој во изминативе десетина години се промовираше во еден од најдобрите во светот. Италијанскиот стратег освои титула со Милан, а се радуваше и на Суперкупот на Италија, а подоцна се стационира во Јувентус и го покажа целото свое знаење.

Со Алегри на чело, Јувентус освои пет титули во низа во Серија А, но иако неговиот договор имаше уште важност, стратегот ланското лето реши да си замине. Алегри едноставно разочара затоа што не успеа со Јувентус да ја освои Лигата на шампионите, иако двапати играше во финалето, но губеше во 2015 и 2017 година. Мала утеха беа четирите трофеи во Купот на Италија, како и двата пехари во Суперкупот на Италија.

Алегри лани си замина од Јувентус, но остана неговиот договор според кој примаше плата до денеска. На 30 јуни 2020 година истекува договорот на Масимилијано со гигантот од Торино, па Алегри од денеска е слободен агент и веднаш започнаа шпекулациите. Првите најави се дека Пари Сен Жермен ќе го посака Алегри на својата клупа, но уште е рано и допрва треба да видиме како ќе се одвива целата работа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести