Вчерашниот пораз од Њукасл во осминафиналето од Лига купот е уште еден од катастрофалните резултати на Манчестер јунајтед, менаџерот Ерик тен Хаг го губи тлото под нозете, а денеска тоа го потврди и статистиката.
Манчестер јунајтед во Премиер лигата досега одигра десет натпревари и има учинок од пет победи и пет порази со гол-разлика 11:16, додека во Лигата на шампионите има два порази во првите три кола, што значи дека има повеќе од 50 отсто порази на натправарите кои ги одигра сезонава.
Ниту летните скапи трансфери на Андре Онана (50 милиони евра), Мејсон Маунт (64 милиони), Расмус Хојлунд (70 милиони), како и тие од минатата година на Антони (95 милиони), на Лисандро Мартинес (58 милиони) и на Каземиро (70 милиони) не ја кренаа играта на повисоко ниво, напротив.
Според статистиката, напаѓачите на Манчестер јунајтед во досегашните мечеви во Премиер лигата постигнале само еден гол. Најдобри во оваа категорија се напаѓачите на Њукасл кои постигнале 20 гола, додека тие на Ливерпул дадоа еден помалку.


