7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Една 11-ка на Спортска прогноза, Борис ќе добие ваучер од 500 денари

Борис С. кој има 11 погодоци во третото коло на Спортска прогноза, е единствениот добитник на ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.

Од над 1.700 играчи кои учествуваа во третото коло, Борис беше најуспешен и од 13-те меча во основната понуда погоди 11. Утки му беа само дуелите Волфсбург – Келн и Милан – Интер. На овие два меча типувал дека ќе биде нерешено. На бундеслигашкиот меч победија гостите, а на дербито во Милан победија официјалните домаќини.

Победата на Келн над Волфсбург ја предвидоа само 4,58 проценти од прогнозерите.

Имаше три десетки во ова коло, а и кај сите нив проблем што за малку не освоија ваучер беше победата на Келн.

Паровите за новото, четврто коло ќе ги објавиме утре во стандардниот термин од 14 часот и тоа ќе биде нова шанса да се освои премијата и да одберете подарок, а Sport Life ги наградува и утките, па добивате ваучери од 1.000 денари за 12-ка и ваучери од 500 денари за 11 погодени од основната понуда без резервните парови.

Резервните се бројат за генерален пласман. По три рунди, во генералниот пласман се Александар К. и Симеон Л. со по 27 поени.

- Оглас -

Најнови вести