Една од најдолгите суспензии од УЕФА за Агим Ибраими

Агим Ибраими е драстично казнет за атак на судијата на мечот од квалификациите во Лигата на Европа против Дуделанж и нема да игра европски натпревари до крајот на следната година.

Ова е една од најдолгите временски казни од УЕФА за наш фудбалер. Претходно Аријан Адеми поради наводен допинг беше казнет драстично со 4-годишна суспензија, па потоа казната му беше преполовена откако излегоа факти дека не бил позитивен на допинг-тестот по своја вина.

Сега излегува дека Ибраими е вториот фудбалер од Македонија со најдолга временска суспензија, а потегот по кој во финишот на мечот меѓу Шкендија и Дуделанж го удри судијата ќе го чини 15-месечна суспензија.

- Оглас -

Најнови вести