Едно е сигурно, Хари Кејн нема да се пресели во Баерн Минхен

Капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација, Хари Кејн, ја одбил понудата на Баерн Минхен, пишува „Билд“.

Договорот на Кејн со Тотенхем му истекува идната година и напаѓачот одлучил да почека уште една сезона и како слободен играч да се пресели во Манчестер јунајтед.

Неколку часа откако „Билд“ ја објави оваа вест, англиските медиуми пишуваат дека сега сè многу поголеми шансите Кејн да се пресели во Јунајтед уште ова лето, бидејќи Тотенхем сигурно би сакал да заработи нешто од неговата продажба, отколку да го загуби бесплатно идното лето.

- Оглас -

Најнови вести