Ефикасна Галаксија од Лос Анџелес ветува голови во Орландо

Орландо сити – Лос Анџелес галакси (МЛС, 01 часот)

Ќе беше интересно да се гледа дуелот на некогашните играчи на Манчестер јунајтед, Нани и Златан Ибрахимовиќ, но шведскиот интернационалец нема да настапи за Галакси поради суспензија.

Тоа повторно ќе биде хендикеп за тимот од Ел-Еј, бидејќи Златан има постигнато 9 гола, или половина од 18-те на Галакси.

И Нани игра одлично, во првата сезона во МЛС лигата веќе постигна 7 погодоци и има 4 асистенции, но на Орландо не му оди добро.

Имаа серија од 4 меча без победа што ја прекинаа во претходното коло со триумф од 5:1 против Синсинати и најавија подобри денови.

Во МЛС лигата Орландо и Л.А. галакси имаат одиграно четири меѓусебни дуели и секогаш си победуваше домаќинот во дуели што завршуваа со најмалку три гола.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.81)

 

Реал Солт лејк – Атланта јунајтед (МЛС, 03 часот)

Ова е дуел на две екипи со различен концепт на игра. Тимот од Јута игра офанзивно и е една од екипите со најмногу постигнати, но и примени голови во првенството.

Атланта предводена од холандската легенда Франк Де Бур игра цврст и повеќе дефанзивен фудбал и и единствената екипа во МЛС со Лос Анџелес ФЦ што нема примено двоцифрен број на голови во досегашниот дел од шампинатот во САД.

Реал беше првата екипа од САД што играше финале во Регионалната Лига на шампиони на Средна и Северна Америка во 2011 година и оттогаш клубот е во постојан раст.

Ноќеска ќе треба да најдат победнички рецепт за цврстите гости од Атланта предводени од аргентинската колонија на Франк Де Бур. Гостите имаат четворица Аргентинци во составот предводени од познатиот Пити Мартинес, кој се уште е актуелен шампион на Копа Либертадорес, титула што ја освои со Ривер плејт.

Предлог тип: Х2&2-5 (1.90)

 

Лос Анџелес ФЦ – Монтреал импакт (МЛС, 04.30 часот)

По 14 одиграни натпревари втората екипа од Лос Анџелес во МЛС лигата има најмногу бодови во двете конференции заедно.

Поранешниот селектор на САД, Боб Бредли има топ екипа што ја предводи познатиот Карлос Вела, моментно најдобриот стрелец во Лигата.

Вела со 14 погодоци е за пет гола пред Златан Ибрахимовиќ и капитенот е предводник на моментно најдобриот состав во САД.

Солидно игра и Монтреал, кој е на третата позиција во Источната конференција, но Реми Гарде ќе има мака како да се сопре убедливо најефиканскиот тим во лигата.

Предлог тип: 1&3+ (1.80)

 

Реал Потоси – Ројал Пари (Боливија, 02 часот)

Ова е последниот меч во првиот дел од шампионатот во Боливија, или поточно се спушта завесата во Апертура.

Ако победат домаќините ќе го прескокнат токму последниот ривал од првиот дел на шампионатот во Боливија и ќе бидат десеттопласирани.

Секој друг исход ќе значи дека ќе нема промена на табелата. И двете екипи немаат некаков посебен рејтинг во боливискиот фудбал, а нешто поголемо реноме има Реал Потоси со една освоена титула.

Ноќеска и двете екипи немаат причина да калкулираат, ќе се игра напаѓачки фудбал и типуваме на ефикасен меч со многу голови.

Предлог тип: 4+ (2.07)

 

Барселона Гвајакил – Олмедо (Еквадор, 02.30 часот)

Најтрофејниот клуб во Еквадор, Барселона е и лидер на табелата и главен фаворит за 16-та титула, а ноќеска ќе се обиде да ја продолжи блескавата серија и во првенството и во дуелите со Олмедо.

Тимот од Гвајакил има шест победи во низа во првенството и на 12 меча по ред не е поразена во меѓусебните дуели со Олмедо.

Ако победат играчите на Барселона ќе бидат први по првиот дел од шампионатот, што е посебен мотив за успех.

Избраниците на Леонардо Рамос се фаворити. Играат пред своја публика, за нив според квалитетот и според традицијата победа против Олмедо и не е некаков посебен проблем па ќе типуваме на нов успех на најтрофејниот еквадирски клуб.

Предлог тип: 1 (1.44)

 

- Оглас -

Најнови вести