Египет има шокантно водство од 1-0 против Аргентина по првото полувреме на осминафиналето на Светското фудбалско првенство благодарение на голот на Јасер Ибрахим и одбраните на Мостафа Шобеир кој блеска.
Гаучосите имаа супер прилика да израмнат само шест минути по примениот гол, но Лионел Меси утна пенал, негов втор нереализиран на ова СП, и стана единствен играч кој утнал два пенали на исто првенство (без да се сметаат шутеви од 11 метри во пенал-серии), влегувајќи во негативната историја на Мундијалите.
Египет може да стане петтата африканска земја која стигнла до четвртфинале на СП, но треба да го издржат притисокот од светските прваци кои ќе нападнат со сите сили. Инаку кога африкански селекции воделе на полувреме против Јужномериканци во нокаут-фаза, еднаш Африканците оделе понатаму, еднаш испаднаа во оној луд меч на Уругвај и Гана во 2010.

