Егзотика во Кина – Сензационална победа на Доминиканска Република против Германија

Доминиканската Република приреди големо изненадување со победа против Германија во возбудлив меч и завршница, а одлучувачки за триумфот на аутасјдерот беа погодените слободни фрлања на Роналд Робертс на една минута и 15 секунди до крајот на мечот од второто коло на Мундијалот во Кина.

Потоа следуваше вистинска бркотница на теренот во „Беј спорт спортс центар“ во Шенжен, но резултатот остана 70:68 за аутсајдерот.

Последен се обиде Данило Бартел со шут за тројка во последната секунда, но утна за голема радост на кошаркарите на Доминикана.

До големата победа, втора за нив на турнирот што ги води понатаму ги предводеше Виктор Лиз со 17 поени. Одлично одиграа и Елој Варгас со 16 поени, јунакот на мечот Робертс со 10 поени и Гелвис Солано, кој постигна 8 поени, но имаше и 11 скока.

Кај Германците, НБА-ѕвездата Денис Шредер се обидуваше да ја разбуди германската машинерија, но не успеа, иако одигра одличен меч со 20 поени и 7 асистенции. Даниел Тајс забележа 12 поени и имаше 8 скока.

Доминиканската Република има две победи и максимален учинок по две кола и веќе е во следната рунда, а Германците се со два порази и се простија од амбициите за пласман во следната рунда.

Претходно и Црна Гора го доживеа вториот пораз на турнирот, откако Нов Зеланд беше подобар и победи со 93:83, а Чешка ја победи Јапонија со 89:76 и Австралија славеше со 81:68 против Сенегал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести