ЕХФ се налути на Американците и составува тим за предизвикот на НФЛ ѕвездата

Европската ракометна федерација (ЕХФ) жестоко реагираше на реакциите и омаловажувањето од страна на некогашниот НФЛ играч Џеј Кутлер и водителите на една емисија на ЕСПН дека ракометот е игра за оние кои не успеале во фудбалот и кошарката. Поранешниот квотербек Кутлер рече дека тој заедно со Леброн Џејмс и уште еден НФЛ-играч би можеле да играат против кој било ракометен тим во светот и би ги победиле.

На овие понижувачки изјави веднаш реагираше еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Никола Карабатиќ, кој го покани Кутлер да игра ракомет и ако победи, Французинот ќе му го подари златниот медал од Олимписките игри.

Освен Карабатиќ, на социјалните мрежи реагираа и данските докажани ѕвезди Ласе Сван Хансен и Каспер Мортенсен, кои имаат злато и од ЕП, СП и ЛОИ. Од ЕХФ постираа дека овие тројца се веќе дел од екипата која евентуално би играла против Американците, а потребни се уште да се пријават голман, лев бек, пикер и десно крило.

- Оглас -

Најнови вести