Екс фудбалер на Реал има компанија која статистички го следи коронавирусот

Шпанскиот фудбалер Естебан Гранеро, веќе извесно време поседува компанија која се занимава со истражувања во светот на спортот, и со статистички податоци, па решија сега кога нема спорт, да го истражуваат коронавирусот и да бидат од полза на Шпанија во битка со пандемијата.

Покрај Италија, Шпанија е најпогодена, и секоја помош е добредојдена. Компанијата на Гранеро ги следи и анализира бројките, и може да предвиди дали ситуацијата се смирува или ќе се влоши, и во кој регион каква е состојбата. Шпанците веруваат дека 2 април беше врвот на пандемијата, дека најлошото помина, и сега се очекува пад на бројот на новозаразени.

„Пиратот“ Гранеро потекнува од школата на Реал Мадрид, за првиот тим играше на 67 меча, а настапуваше и за Хетафе, Квинс Парк Ренџерс, Реал Сосиедад, Еспањол, од пред неколку месеци е во нисколигашот Марбелја. Ова најавува дека Гранеро полека ќе почне да се оддалечува од фудбалот и оти ќе се фокусира на работата во фирмата.

- Оглас -

Најнови вести