Експрвакот на ДДР во мисија да се изненади бундеслигашот Волфсбург

Халешер – Волфсбург (Германски куп, 18.30 часот)

Халешер има интересна историја и клубот е еден од основачите на Оберлига, односно најсилната фудбалска лига на поранешен ДДР и беше фактор во некои минати времиња. Имаат две титули шампион на Источна Германија веднаш по војната, но по обединувањето на земјата, се натпреваруваат во пониските лиги.

Одлично го почнаа шампионатот во третата лига на Германија и имаат 3 победи и еден пораз по 4 кола. Денеска ќе биде вистински празник на стадионот „Ердгас Спортпарк“,со капацитет од 15 илјади места бидејќи на гости им доаѓа бундеслигаш.

Во вакви мечеви, особено во Германија, секогаш има изненадувања, иако досега во првата рунда големите фаворити минаа понатаму. Волфсбург сè уште е во фаза на подготовки бидејќи германското првенство не е почнато.

Двете екипи за првпат ќе играат меѓусебе, а ќе типуваме дека гостите ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на мечот.

Предлог тип: Т2 1+I& Т2 2+ (2.05) Квота на денот во Sport Life

 

Гетеборг – Фалкенберг (Шведска, Прва лига, 19 часот)

Гетеборг има императив да победи ако сака да остане во трка за настап во еврокуповите, а гостите имаат сосема поинаков план: да се избегне пораз кај фаворитот и да се освои барем еден бод во битката за опстанок.

Фалкенберг нема победа на гости во последните 8 меча во најсилната шведска лига, а денеска на „Улеви“ ќе играат против опасен домаќин.

Гетеборг на пет од последните седум домашни мечеви нема примено гол, а имаат само еден пораз на последните 9 меча.

Нема дилеми кој е фаворит, а очекуваме ефикасен меч без калкулации и голови од Гетеборг и барем еден и во нивната мрежа.

Предлог тип: T1 2+&ГГ (2.75) Квота не денот во Sport Life

 

Сетубал – Тондела (Португалија, Прва лига, 21.15 часот)

Сетубал и Тондела за влакно се спасија од испаѓање во минатата сезона, па сега ќе мора да се бара чаре за да се избегнат нови потреси и битка за опстанок.

Двете екипи различно ја почнаа сезоната со мечеви во Лига купот. Сетубал го победи Мореиренсе со 1:0 на свој терен, а Тондела загуби од Пенафиел како гостин со ист резултат.

Сетубал има подобар меѓусебен биланс од Тондела, ќе сака пред домашната публика да тргне со победа во новото издание на португалскиот шампионат.

Ќе типуваме дека домаќинот нема да загуби, комбинирано со 2 до 4 гола.

 

Предлог тип: 1X&2-4 гола (2.20) Квота на денот во Sport Life

 

Виторул – Ботосани (Романија, Прва лига, 20 часот)

Во Констанца вечерва ќе играат две од трите најефикасни екипи во Романија. Особено напаѓачки се ориентирани домаќините со просек речиси од три гола по меч во досегашните 4 дуели во првенството.

Виторул испадна во квалификациите за настап во Лигата на Европа, а на првиот меч со Гент прими дури шест гола. Нападот функционира, но одбраната не игра на очекуваното ниво, па Георге Хаџи има многу проблеми со дефанзивата.

Искусниот стратег и легенда на светскиот фудбал ќе мора да најде начин да ги мотивира своите играчи по елиминацијата од ЛЕ.

Ботосани им е по мерка на домаќините, бидејќи пет пати по ред го победуваат кога се игра на „Виторул арената“ во Овидуи.

Ќе типуваме и шеста победа по ред на Виторул, кој е поквалитетен тим, но и комбинирано со гол-гол.

Предлог тип: 1&ГГ (4.33)

 

Лехија Гдањск – Јагелонија (Полска, Прва лига, 18 часот)

Титулата од ланското првенство во Полска за малку не пристигна за првпат во витрините на Лехија од Гдањск, екипа која беше првопласирана по регуларниот дел, но заврши како третопласиарана по плејофот за трофејот.

Лехија потоа имаше и неуспешен настап во квалификациите за Лигата на Европа и испадна во двомечот со Брондби. Стартот во новиот полски шампионат е без пораз на три меча, но само со една победа.

Во Лехија играат многу искусни играчи, дел од нив, како Собиех и Пешко, со искуство и од Бундеслигата во Германија. И Јагелонија во последно време е речиси стандардно во горниот дом на полскиот фудбал и игра и во еврокуповите.

За гостите ова е исклучително тежок меч и гостување бидејќи не победиле на „Енерџи“ во Гдањск од 2013 година, односно на последните девет гостувања.

Предлог тип: 1&ГГ (4.50)

 

- Оглас -

Најнови вести