Поранешен вардаров играч вчера го даде најубавиот гол во квалификациите за ЛШ (Видео)

Некогашниот вардаров играч Дамир Којашевиќ е новиот херој на Сутјеска. Којашевиќ, кој во сезоната 2016/17 го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб Вардар, синоќа постигна еврогол за црногорскиот тим на гостувањето кај Слован во Братислава, во мечот од Лигата на шампионите.

Слован беше апсолутен фаворит, но Сутјеска на крајот извади 1:1, за интересен реванш. Домаќините дури во 82 минута го скршија отпорот на Црногорците, а кога се мислеше дека тоа ќе биде единствен погодок, на сцена стапи Којашевиќ.

Се играше 90+5 минута кога по една соло акција, упати „бомба“ од над 25 метри и го совлада домашниот голман за конечни 1:1 и интересен реванш следната недела во Никшиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести