Експлозија и една од најпознатите арени во светот се претвори во пепел (Видео)

Некогашниот дом на НБА клубот Детроит пистонс, арената „Палас“ замина во историјата. Повеќенаменската арена има капацитет од преку 22.000 гледачи, а речиси три децении беше дом на трикратниот НБА првак. Детроит во оваа сала се радуваше на шампионските прстени освоени во 1989, 1990 и 2004 година.

По неколку продадени објекти и простории, еден од новите сопственици реши дека е време да се сруши арената. Уште во февруари започна процесот на рушење на арената, а синоќа „Палас“ замина во историјата. Со контролиран динамит, арената беше срушена до темел.

https://twitter.com/i/status/1281929560695742464

Оваа арена беше отворена на 13 август во 1988 година, а во 2005 година беше реновирана. На 12 октомври 2017 година, „Палас“ беше затворена, а од синоќа и официјално е срушена до темел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести