Експресно им ги отвори очите – Игра ѓаволски добро за Вест хем, Манчестер јунајтед брзо ќе го врати назад

Џеси Лингард игра ѓаволски за Вест хем, на четири меча постигна три гола и прикажа блескави партии фудбал, а од Манчестер јунајтед веќе реагираа со најава дека ќе го вратат назад на „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната.

Лингард е на позајмица кај Чеканите и одлично се вклопи во тимот откако претходно често беше критикуван за игрите во дресот на Манчестер јунајтед, кој му е прв клуб во професионалната кариера.

Џеси ќе остане во Вест хем, но веќе е сигурно дека позајмицата ќе трае само до ова лето и тој ќе се врати во Манчестер јунајтед. Од таборот на Црвените ѓаволи објавија дека дури и ќе продадат еден играч од средниот ред за да му направат повеќе простор и поголема минутажа на Лингард од идната сезона.

Англискиот репрезентативец е член на Црвените ѓаволи од 8-годишна возраст, пристигна во Академијата на Јунајтед во 2000 година и сè уште е член на клубот, веќе 10-та година како професионалец, иако неколкупати беше позајмуван во други клубови во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести