Експресно отстранет морбидниот графит посветен на Ѓоковиќ (фото)

Во центарот на Сплит се појави графит наменет за Новак Ѓоковиќ со морбидна и грозна порака. Непознат сторител му посака на српскиот тенисер да умре од ковид-19 откако се потврди дека првиот светски рекет се заразил во текот на „Адрија“ турнирот кој се одржуваше во Задар.

Градските власти веднаш реагираа и го отстранија морбидниот графит потврдувајќи дека не толерираат говор на омраза кон никого.

„Да умреш од неа, тоа ни е желба. Поздрав од Сплит, да даде Бог да цркнеш. Ѓоковиќ умри“, пишуваше на грозоморниот графит.

- Оглас -

Најнови вести